По победата над Барса, прогнозерите најавуваат дека Рајо ќе загуби дома од Реал Сосиедад

Сампдорија е фаворит за победа против Џенова во градското дерби, барем така веруваат мнозинството играчи на Спортска прогноза кои веќе типуваа во 33-тото коло на интересната бесплатна игра. Околу две третини од прогнозерите сметаат дека ќе победи Сампдорија.

Интересни проценти има кај дуелот Рајо Валјекано – Реал Сосиедад. Речиси 60 отсто од тие што се изјасниле досега, веруваат во триумф на гостите. Ова е дуел на две екипи кои изминатата недела играа против Барселона. Рајо на гости ги победи Каталонците со 1-0, а Сосиедад загуби дома, исто така со 0-1.

Може да се прогнозира до сабота, 30 април, до првите два дуели од понудата што почнуваат од 15.30 часот.

Играта е бесплатна, сè што ви треба е да имате СЛ картичка од Sport Life и добра стратегија како да се погодат сите 13 пара.

Има награди и за сите што ќе погодат 12 натпревари, и тоа вредносен ваучер од 1.000 денари и за прогнозерите со 11 погодоци, кои ќе добијат по 500 денари вредносни ваучери од Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести