Рајо Ваљекано не го пушта Столе во Саудиска Арабија

Рајо Ваљекано ги одби сите досегашни понуди од страна на тимот Ал Наср од Саудиска Арабија.

Последната која што беше во вредност од 5.5 милиони евра е експресно одбиена од страна на шпанскиот клуб, кој се подготвува за дуелот против Атлетик Билбао за во недела.

Меѓу стативите се очекува да застане и македонскиот чувар на мрежата кој се опорави од повредата.

Сепак, Ал Наср нема да застане тука и ќе исппрати нова подобрена понуда за да ги обезбеди услугите на репрезентативниот чувар на мрежата.

- Оглас -

Најнови вести