Рајс го нападна селекторот на Словачка: „Замолчи, ќелавко!“ (Видео)

Репрезентацијата на Англија со многу мака, и по продолженија, успеа да ја елиминира Словачка во осминафиналето, победувајќи со 2-1, иако беше на работ на елиминација до 95-тата минута од дуелот.

Емоциите го достигнаа максимумот по последниот судиски свиреж, кога Деклан Рајс влезе во вербален конфликт со словачкиот селектор Франческо Калцона.

„Замолчи ќелавко! Молчи, ти ќелава гнасо“, Рајс го нападна словачкиот селектор, дополнувајќи го својот говор и со неколку сочни пцовки.

Словачка ја делеа секунди до сензационална елиминација на големиот фаворит, но Англичаните се извлекоа со голот на Џуд Белингем во 95-тата минута, а потоа во продолженијата погоди и Хари Кејн за пласман во четвртфиналето.

 

 

- Оглас -

Најнови вести