Рајс се „прослави“ со најбрзо промашен пенал во историјата на ПЛ (видео)

Деклан Рајс се запиша во историјата на Премиер лигата како фудбалер кој за најкратко време од старт на еден меч успеал да промаши пенал.

На англискиот репрезентативец му беа потребни 124 секунди да утне најстрога казна на гостувањето на Чеканите кај ВБА во претпоследното коло. Неговиот обид заврши во дирекот, по што Рајс го урна рекордот на Нико Крајнчар и неговиот промашен пенал по четири минути и 19 секунди игра како играч на Портсмут во 2008 година.

Промашениот пенал на Рајс можете да го видите на следниот ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести