Рајска изолација на Лавеци: на остров со екс девојката на негов близок пријател

На пензионираниот аргентински фудбалер, Езекиел Лавеци, не му е гајле што коронавирусот го парализираше фудбалот, па и животот во светот, бидејќи ужива на остров со неговата девојка, Бразилката Наталија Борхес. Екс играчот на Наполи и ПСЖ, кој многу пари заработи во Кина, карантинот го минува на карипскиот остров Сан Бартоломе, на плажа со атрактивната Наталија.

Дотука нема ништо спорно. Но, Лавеци е на мета на критики, бидејќи 38-годишната Наталија е некогашна девојка на Лоренцо Тонети, близок пријател на Лавеци, и се вели дека фудбалерот и фрлил око уште додека таа се забавувала со Лоренцо. Поранешната девојка на Лавеци вели дека не му е првпат тој да се плетка со поранешна девојка на негов близок другар.

 

- Оглас -

Најнови вести