Ракел Ракитиќ е новата Ванда Икарди во Интер?

Ако Иван Ракитиќ ова лето дефинитивно си замине од Барселона и премине во Интер, тоа ќе биде одлука на неговата сопруга Ракел. Шпанката одлучила да се пресели во Милано, а Иван ќе мора да ја послуша и да го прифати трансферот.

Преселба во град како Милано, кој е еден од главните градови на светската мода, и шанса да се соработува со кинески спонзори е нешто што ја привлекува сопругата на Хрватот Ракитиќ.

Некогашната келнерка го има главниот збор во семејството Ракитиќ, па многумина велат дека Иван е папучар и ситуацијата е слична како кај Мауро Икарди, чија жена Ванда е и негов менаџер и ги носи клучните одлуки за фудбалската кариера на сопругот.

Преговорите на Ракитиќ со Барса за продолжување на договорот се заглавени, па Интер гледа шанса да го привлече во своите редови. За Ракитиќ, прва опција беше останување во Барса, но со одолговлекувањето на преговорите тој сфати дека Каталонците не сакаат да го задржат по секоја цена.

Од трансферот на Ракитиќ во Интер ќе се офајди и агентот Артуро Каналес, кој препозна убава шанса за заработка и работење со кинеските спонзори. Се шпекулира дека Ракитиќ би бил заштитно лице на Сунинг за Азија.

- Оглас -

Најнови вести