Ракетата ќе одлета во Саудиска Арабија, еден човек е виновен што Севилја се откажа од Хрватот

Заминувањето на Иван Ракитиќ од Севилја во Ал Шабаб е готова работа, се чекаат само лекарските прегледи и другите формалности пред трансферот да биде официјализиран.

Ракитиќ го нема на листата на фудбалери на Севилја кои вечерва ќе играат против Осасуна, и тоа доволно говори дека трансферот му е пред реализација.

Хрватот е разочаран што клубот за кој го даде срцето, застана на страна на тренерот Кике Санчес Флорес кој откако седна на клупата, му даваше мала шанса и му порачал на Иван дека може да си оди.

Ракитиќ е емотивно врзан за Севилја, не само затоа што таму ја почна шпанската кариера, туку од најголемиот андалузиски град му е и сопругата Ракел. Затоа и по заминувањето од Барса, се врати во Севилја, иако имаше финансиски подобри понуди. Во Ал Шабаб тој ќе ја пополни празнината во средниот ред која се појави по заминувањето на Евер Банега.

- Оглас -

Најнови вести