Ракетата со пресврт до полуфинале на СП, а таму против единствениот од кого загубил финале

Еден од најдобрите снукер-играчи во историјата на овој спорт, Англичанецот Рони О`Саливен, го победи Велшанецот Марк Вилијамс со 13-10 во фрејмови во четвртфиналето на Светското првенство и со тоа закажа полуфинале против еден друг трикратен светски првак, Марк Селби. Инаку, О`Саливен во 2014 година загуби во финалето на СП од Селби и тоа му е единствен пораз во шесте финалиња.

Кој и да слави во тоа полуфинале, ќе биде фаворит во финалето против Кајрен Вилсон или Ентони Мекгил.

Рони по вчерашните осум фрејмови, губеше со 2-6, но денеска на крајот на попладневната сесија израмни на 8-8, а вечерва двајцата мајстори влегоа во финишот со 10-10. Последните три партии му припаднаа на Рони и тој се пласираше во полуфиналето.

- Оглас -

Најнови вести