Ракитиќ до крајот на денов ќе го потпише договорот од соништата

Иван Ракитиќ е на лекарски прегледи и, според најавите на шпанските медиуми, до крајот на денот ќе го официјализира своето враќање во Севилја. Ракитиќ со својот сакан клуб ќе потпише двегодишен договор, со опција и за трета сезона.

Ракитиќ, кој има 32 години и не е во плановите на тренерот Роналд Куман, во 2014 година ја напушти Севилја и премина во Барселона, но постојано говореше дека Севилја е негов клуб, а доказ за тоа беше и радоста која ја прикажа откако Андалузијците неодмна ја освоија Лигата на Европа, кога облечен се фрли во полн базен. За шест години во Барса, Ракитиќ имаше 35 гола и 45 асистенции.

Сопругата на Ракитиќ, Ракел, е од Севилја, таму се запознаа, па затоа пензионирање во дресот на Севилја и живеење во тој град по кариерата би било идеално за него.

- Оглас -

Најнови вести