Ракитиќ на дебито во Саудиска Арабија си го оправда прекарот Ракета (Видео)

Иван Ракитиќ уште еднаш ја покажа својата класа, на дебито за Ал Шабаб во првенството на Саудиска Арабија, Хрватот даде гол за победа на неговиот тим од 1-0, и со тоа со силен шут, со што си го оправда прекарот Ракета, иако тоа е поврзано и со неговото презиме.

По додавање од Јаник Караско, 35-годишниот Ракитиќ упати силен и прецизен шут по кој топката заврши во мрежа во 83-тата минута од средбата со Дамак.

Искусниот Ракитиќ неодамна се раздели со Севилја и прејде во Саудиска Арабија, каде веднаш покажа дека е мајстор:

- Оглас -

Најнови вести