Нова шанса за Е. Пелистер да ги освои првите бодови во ЛШ, квотата за да изненади во Загреб против поранешните вардарци е одлична

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер ги продолжува настапите во Лигата на шампионите и вечерва од 18.45 часот му гостува на Загреб во рамките на петтото коло.

Битолчани досега загубија на четирите меча, но од натпревар до натпревар играат сè подобро. Во последното коло Е. Пелистер загуби од ПСЖ во Париз со 31:26, додека во претходниот меч Кил славеше во Битола со 20:23. Нивниот противник Загреб има учинок од една победа, реми и два пораза.

Според квотите во Sport Life, Загреб ја има фаворитската улога, квотата за триумф на хрватскиот тим за кого настапуваат поранешните вардарци, Тимур Дибиров, Иван Чупиќ, Јоел Куни Моралес и Патрик Валчак, изнесува 1.50. Квотата за Е. Пелистер да победи е 3.30.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести