Ракометарите испуштија победа, но Светското првенство е на дофат, в недела нека биде фешта!

Репрезентацијата на Македонија има одлична шанса да го продолжи континуитетот на настапи на големите натпреварувања во машки ракомет откако вечерва во Злин ја победи Чешка со 24-24 и се најде на чекор од место на Мундијалот во 2023 година.

Ова е резултат кој ни дава огромни шанси за пласман на СП во Полска и Шведска, бидејќи в недела е реваншот во бастионот „Борис Трајковски“ во Скопје.

Македонскиот тим водеше во текот на целиот меч, имавме и плус седум (17-10), но Чесите во финишот покажаа зошто пред средбата ги сметаа за благи фаворити на хартија.

Талески со 5 гола беше најефикасен, а Лазаров и Георгиевски имаа по 4, додека Митревски имаше 11 одбрани.

- Оглас -

Најнови вести