Ракометарите на Ф4 во Келн ќе имаат чипови и сензори на дресовите

Собирањето аналитички податоци за ракометарите влегува во нова технолошка фаза откако ЕХФ објави дека за време на финалниот турнир од Лигата на шампионите во Келн на топките и на играчите ќе им бидат вградени чипови и сензори.

На дресовите на сите играчи на Барса, Вардар, Веспрем и Кјелце ќе има сензори, а со чипот на топката ќе се собираат податоци. Со тоа навивачите, тренерите и играчите ќе може да видат кој колку претрчал, со која брзина му бил најбрзиот спринт, највисокиот скок, најбрзата одбрана на голман. Сензорот на дресот ќе биде помеѓу рамењата, ќе тежи 14 грама и не би требало да има влијание врз ракоментарите.

Чипот на топката ќе ја мери брзината, правецот на шутот, позицијата од која е изведен шутот и местото каде е пласирана топката во рамките на голот.

За навивачите кои ќе се најдат во „Ланксес арената“ и за тие што е гледаат на телевизија исто така ќе има новини и информации кои досега не биле достапни.

- Оглас -

Најнови вести