35.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Репрезентацијата предводена од селекторот Лазаров ја стартува мисијата ЕП 2022 (ФОТО)

Македонската ракометна репрезентација во овие моменти го има првиот собир за претстојното Европско ракометно првенство, кое ќе се одржи на почетокот на идната година во Унгарија и Словачка.

Нашите репрезентативци се собраа во хотелот „Александар Палас“, откако претходно сите ги направија задолжителните тестирања за вирусот ковид-19.

Подоцна тие ќе заминат за Маврово, каде што ќе одработат интензивни тренинзи.

Првенството стартува на 13 јануари, каде што истиот ден ќе игра и Македонија, и тоа против Словенија.

Покрај овие две селекции, во групата А се наоѓаат и Данска и Црна Гора.

- Оглас -

Најнови вести