Ракометен специјал на Sport Life за најатрактивниот дуел во досегашниот дел од ЕП

Хрватска и Шпанија во директен дуел ќе решат која селекција ќе го освои првото место во групата, што треба да значи полесен противник во полуфиналето. Ова е дуел на две селекции кои во досегашните шест меча имаат исто толку победи. Sport Life за денеска нуди Специјал за овој меч кој се игра во Виена.

Шпанија ја има улогата на фаворит, но традицијата вели нешто друго. Во последните 14 меѓусебни дуели, Коцкестите се многу подобри и се радувале на 10 победи, Шпанија била подобра само трипати, а еден меч завршил нерешено.

ЦРВЕНАТА ФУРИЈА ИМА СТРАШЕН НАПАД, ХРВАТСКА Е СО ГРАНИТНА ОДБРАНА

Од досегашните шест меча на ЕП може да се заклучи дека овие два ривали имаат сосема различна филозофија за играта. Шпанија игра фуриозно и на сите шест меча даде 30+ голови. Просекот на Шпанија е 33,3 погодоци на меч.

Хрватска предводена од Лино Червар има сосема друг пристап. Одбраната е главниот адут на Коцкестите. На сите шест меча, Хрватска ги стопираше ривалите од 21 до 24 погодоци, па мечот со Шпанија ќе биде вистински тест за тоа дали ќе може Шпанците да ги спуштат на 10 гола под нивниот просек на дадени голови.

Коефициентот дека двата тима ќе стигнат до 25+ голови е 2,40.

ЌЕ ИМА ЛИ 8 ПЕНАЛИ?

Во Специјалот на Sport Life интересно е да типувате дали ќе има над 7,5 пенали и дали барем 8 пати судиите ќе покажат исклучување. Ако не ви се чека за цел меч, може да се обложите и на тоа кој тим прв ќе постигне 3, 5, 7, или 10 голови. Во сите четири случаи Шпанија е благ фаворит дека прва ќе ги поминува овие граници.

ДАЛИ НЕКОЈ РАКОМЕТАР ЌЕ ДАДЕ ПОВЕЌЕ ОД 4 ГОЛА?

Според понудата, Домагој Дувњак е прв фаворит за најдобар стрелец на мечот. Неговата граница за постигнати погодоци е на 4,5. Со граница од 3,5 погодоци се Хорват, Степанчиќ и Карачиќ кај Хрватска, како и Душебаев, Македа и Соле кај Шпанија. Вкупно 15 играчи има во понудата за дадени голови.

Може да играте и на почетен удар, прво исклучување, прв седмерец, последен пенал и уште многу други игри. Затоа посетете го Sport Life и направете најатрактивниот дуел од досегашниот дел од ЕП да ви биде уште повозбудлив за гледање.

 

- Оглас -

Најнови вести