Селекцијата на Романија забележа драматична прва победа на Европското првенство во ракомет за жени, а голот што го постигна Базалиу во претпоследната секунда со удар од 15 метри е фантастичен.
Романките победија со 28:27 против Шпанија во неверојатен финиш на меч што се играше вечерва во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.
Шпанките израмнија на 27:27 со гол на девет секудни до крајот, но Романките беа и брзи и итри и ефектни и ја забележаа првата победа во втората фаза на ЕП.
Неагу само и ја додаде топката на Базалиу, а хероината на Романија со силен шут од огромна далечина ги нокаутира Шпанките.
https://twitter.com/teledeporte/status/1591174968439513089?s=20&t=fBNNOh2GyqYxmgMxTcbRuw
Сега и двете репрезентации имаат по два бода по три одиграни натпревари.
Претходно денеска Германија ја декласира Холандија со 36:28, а и тие две селекции имаат по два бода во истата група.