Ракометна Србија во шок – убиен претседателот на Црвена ѕвезда

Во вооружена престрелка на Рузвелтова улица во Белград, застрелан е претседателот на ракометниот клуб Црвена ѕвезда и потпретседател на ракометната федерација на Србија, како и претседател на Авто-мото сојузот на Србија, Мирко Бутулија, кој подоцна во ургентниот центар им подлегна на повредите. Убиецот е генералниот секретар на Авто-мото сојузот на Србија, Предраг Ѓурѓев, кој потоа изврши самоубиство. Двајцата имаа по 43 години.

Засега не се познати мотивите за овој немил настан. Бутулија беше претседател на АМСС, а од 2014 година наваму беше прв човек на РК Црвена ѕвезда и втор човек во српската ракометна федерација. Тој имаше четири деца, а Ѓурѓев за кого велат дека бил нервно растроен, во него испукал осум куршуми.

Повредена е и една жена (најверојатно секретарката на Бутулија), која за да се спаси од пукотницата, од страв скокнала низ прозорецот.

- Оглас -

Најнови вести