Ракометната репрезентација замина за Египет со тројца дебитанти, а без Стоилов

Македонската машка ракометна А репрезентација замина за Египет, каде што утре и задутре од 18 часот ја очекуваат два контролни натпревари против Египет во Каиро.

Селекторот Кирил Лазаров го прифати барањето на Вардар 1961 за ослободување на Стојанче Стоилов, па искусниот пикер, кој има полесна повреда, нема да биде дел од националниот тим на овие два меча.

Отпаднаа и Петар Атанасијевиќ, Градимир Чаневски и повредениот Томислав Јагуриновски. Затоа ќе има тројца дебитанти, и тоа младите Кристијан Симоноски, Марко Митев и Павле Атанасијевиќ.

- Оглас -

Најнови вести