Продолжува ракометното верувале или не: Вчера дадоа само еден гол, денеска беа многу подобри

Ако Хрватска и Шпанија покажаа маестрален светски ракомет и заслужено се во финалето на Европското првенство, во Јужна Америка веќе неколку дена траат квалификациите за пласман на СП 2021 година, а една селекција е во фокусот.

Репрезентацијата на Боливија е дел од квалификациите, но служи само за подобрување на гол разликата на противниците. Во првиот меч од квалификациите се случи чудо кога Аргентина победи со 82:7, па ретко кој веруваше дека во ракометот може да има 75 гола разлика.

Сепак, по тој меч, Боливија продолжи да зачудува со лошите резултати. Загуби од Бразил со 77:9, а вчера во дуелот против Уругвај запиша нов неславен рекорд, откако за 60 минути даде само еден гол во дуелот против Уругвај (55:1). Вечерва Боливија играше против Парагвај и дадоа најголем отпор. Парагвај победи со 51:8 и за прв пат намалија под 50 гола разлика на еден меч.

Последниот меч од овие квалификации Боливија ќе ги игра утре против Перу, а прашање е само со колку гола ќе загуби.

- Оглас -

Најнови вести