Ракометот го копира фудбалот, се укинува правилото за гол повеќе на гости

Извршниот одбор на европската ракометна федерација, ЕХФ, по стапките на УЕФА одлучи да го укине правилото за повеќе постигнати голови на гости при израмнет вкупен резултат во сите клупски и репрезентативни натпревари.

Отсега наместо да се бројат головите дома и на гости во популарните двомечи, ако вкупниот резултат е израмнет ќе се играат продолженија, па потоа ако нема победник ќе се изведуваат седмерци.

Ова правило од сезоната што е во тек важи за фудбалските натпревари под капата на УЕФА, а ЕХФ го најави како новитет за од идната сезона 2022/23.

 

- Оглас -

Најнови вести