Рамос доби изненадувачка понуда која не е ниту од САД, ниту од Саудиска Арабија

Серхио Рамос е слободен фудбалер отако со крајот на минатата сезона му заврши договорот со ПСЖ. Неговата желба беше да се врати во Севиља, но клубот се најде во сериозна финансиска криза и нема да има ништо од тој трансфер.

Сега се појави нов клуб кој е заинтересиран за 37-годишниот дефанзивец. Се работи за хитот на овој преоден рок, екипата на Галатасарај, која по Заха и Икарди, во своите редови го посакува и еден од најдобрите дефанзивци во светот.

Рамос долго се поврзува со трансфер во Интер Мајами, клубот каде што настапуваат Меси, Бускетс и Алба, и тоа е опцијата која има најголеми шанси во моментов, со оглед на тоа дека шпанецот не е расположен за преселба во Истанбул.

- Оглас -

Најнови вести