Рамос е мајстор за „паненка“ пенал, но Меси му покажа како се даваaт „паненка“голови од слободен удар (Видео)

Лионел Меси веќе стандардно изненадува со „магичните“ потези и начинот на кој успева да постигне гол. На синоќешното градско дерби против Еспањол, Барселона цели 70 минути се мачеше да го скрши отпорот на гостите, а потоа беше досуден слободен удар од ококу 17 метри одалеченост.

Меси ја зема топката и на мајсторски начин, со „паненка“ удар го префрли „живиот ѕид“ и успеа да постигне гол. „Паненка“ ударот полека но сигурно станува заштитен знак за капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, кој успеа да даде многу голови од пенал на тој начин. Сепак, Меси синоќа покажа како „паненка“, може да се искористи и за шут од слободен удар.

Дека погодокот на Меси против Еспањол не беше случаен, потсети и голот кој Аргентинецот го даде пред речиси една деценија. На мечот против Алмерија во 2010 година, Меси даде „паненка“ гол од слободен удар, кој многу наликува на тој што го постигна синоќа против Еспањол.

 

- Оглас -

Најнови вести