Рамос го кани Меси во Париз: Сакам да играм со најдобрите во светот

Со нетрпение се чека моментот кога управата на Барселона ќе ја потврди обоновената соработка со Лионел Меси, за која кружат шпекулации уште пред завршувањето на Копа Америка. Познато е дека поради финансискиот ферплеј, Каталонците досега не можеа го објаснат новиот договор со Лео, кој веќе дваесетина дена е слободен играч и ужива во одморот по освоената континентална титула.

Додека не се случи тоа, останатите гиганти како ПСЖ се надеваат дека може да го „украдат“ Меси. Серхио Рамос, новиот стопер на Светците, јавно го повика Меси да дојде во Париз.

„Меси е еден од најдобрите фудбалери во светот, а јас сакам да играм со најдобрите. Секако дека би бил добредојден кај нас, за таков фудбалер секогаш има место во екипата. Но, не одлучувам јас, Лео има право на свој избор, а претпоставувам дека ќе го направи најдобриот за својата кариера“, посочи Рамос.

- Оглас -

Најнови вести