Рамос го предводи кралскиот марш кон титулата, Реал на +4 (видео)

Реал Мадрид се намачи со Хетафе, но успеа да триумфира со минимални 1-0 во мечот од 33-тото коло во Ла Лига. Со погодокот на капитенот Серхио Рамос од пенал во 79-тата минута, Кралевите ја нанижаа шестата победа со која се одлепија од Барселона на врвот на табелата.

Со 22-от овосезонски триумф, Реал дојде до 74 бода односно четири повеќе од Каталонците, па им преостануваат уште пет меча да ја обезбедат рекордната 34-та титула во Шпанија.

https://twitter.com/nostalgiadpor/status/1278806649965182976

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести