Рамос го уплаши Зидан на седум дена пред Ел Класико

Серхио Рамос му зададе дополнителни главоболки на Зидан покрај поразот на Реал на домашен терен од Кадис со 0-1. Капитенот не можеше да го доигра второто полувреме поради повреда на коленото, со која се здоби по дуел со стрелецот на голот за гостите, Лозано.

Со мраз на коленото Рамос од трибини немоќно гледаше како неговиот тим губи, а сега е прашање дали повредата е сериозна. Доколку шпанскиот стопер ќе треба да паузира, големи се шансите да го пропушти првото овосезонско Ел Класико кое е закажано на 24 октомври.

- Оглас -

Најнови вести