Рамос ќе го крпи составот на Санта Клара за првиот дуел со Шкупи

Санта Клара е фаворит во двомечот со Шкупи во второто квалификациски коло за настап во Конференциската лига на УЕФА, но гостите од Португалија веројатно ќе играат без тројца важни играчи на првиот меч во Скопје задутре.

Неизвесен е настапот на најдбриот стрелец на тимот Карлос Карвалјо, кој е пред трансфер во Ал-Шабаб од Саудиска Арабија, а сега веќе се знае дека во Скопје нема да патуваат и десниот бек Жулио Ромао и играчот за врска Костиња.

Карвалјо, кој постигна 14 гола за Санта Клара во шампионатот на Португалија и беше петти стрелец во една од најсилните лиги во Европа, има шанси за настап на националната арена „Тодор Проески“ задутре од 20 часот, ако во меѓувреме не биде продаден.

Десниот бек Ромао сигурно нема да игра на првиот меч, а мали се шансите и за Костиња, кој се мачи со повреда на бутниот мускул. Сите тројца се важни играчи за Санта Клара, тим кој вторпат во клупската историја ќе настапи во еврокуповите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести