Рамос од Севилја ќе го добие тоа што ретко кој го очекуваше

Легендарниот шпански дефанзивец Серхио Рамос покажува дека уште „не е за фрлање“. Иако следниот месец ќе полни 38 години, Рамос уште е дел од елитната шпанска лига и стандарден во тимот на Севилја.

Кога на Рамос му истече договорот со Пари Сен Жермен, многумина очекуваа дека тој кариерата ќе ја продолжи во некој тим од Саудиска Арабија, но на изненадување на многумина, тој се врати во Севилја, клубот каде што ја започна кариерата.

Сезонава Рамос игра одлично, а задоволни се и челниците на клубот, па затоа најавено е дека тој ќе добие продолжување на договорот за уште една сезона, што значи дека палнот е да биде на теренот дури и кога ќе наполни 39 години.

Рамос кариерата ја започна токму во Севилја во далечната 2003 година, а по две години замина во Реал Мадрид каде стана легенда на Кралскиот клуб, одигрувајќи 16 сезони.

- Оглас -

Најнови вести