Рамос одби побогат договор од англиски клуб, пресуди ЛШ

Серхио Рамос од вчера и официјално е нов член на ПСЖ откако ветеранот потпиша двегодишен договор со Светците за плата од 12 милиони евра по сезона. Но, неодамнешниот капитен на Реал Мадрид можеше да заработува повисоки примања доколку ја прифатеше понудата на Арсенал.

Имено, Топчиите беа подготвени да издвојуваат по 15 милиони евра годишно за 35-годишниот Рамос, меѓутоа пресуди фактот што клубот од Северен Лондон не игра во Лигата на шампионите.

Поради тоа, Рамос заврши во Парис каде што сепак ќе зема плата колку што бараше и од Реал за да ја продолжи соработката, па и нема многу да го гризе совест што ги одби Топчиите. Впрочем, ПСЖ има поквалитетен тим и поголеми шанси да триумфира во најелитното клупско европско натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести