Рамос оди на операција, ќе го пропушти клучниот дел од сезоната

Столбот во одбраната на Реал Мадрид, капитенот Серхио Рамос ќе паузира во следните шест-седум недели, откако денеска беше на операција. Рамос го повреди менискусот во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп, а лекарите потврдија дека мора да оди „под нож“.

Рамос се обидуваше да закрепне без операција, но по вчерашниот тренинг стана јасно дека се работи за сериозна повреда. Се очекува капитенот на Реал да може да се врати на теренот на почетокот на април, што значи дека ќе го пропушти двомечот со Аталанта во осминафиналето од Лигата на шампиони.

 

- Оглас -

Најнови вести