Рамос сам си направи интервју: Виновен сум 200 отсто за елиминацијата на Реал од ЛШ

„Катастрофа сме и тоа не може да го скриеме. Ние играчите сме одоговорни за тоа, а јас како капитен сум одговорен повеќе од кој било друг фудбалер“, напиша Серхио Рамос како вовед на интервјуто кој самиот на себе си го направи и го објави на социјалните мрежи.

– Дали тоа што намерно доби втор жолт картон против Ајакс на првиот меч во осминафиналето од Лигата на шампиони по победата од 2-1 беше грешка?

Апсолутно голема грешка. Ја преземам вината, и тоа 200 отсто.

– Зошто за време на реванш-мечот против Ајакс на „Сантијаго Бернабеу“ снимаше документарец?

Тоа беше од претходно договорено и мораше да се испочитува. Во ниеден момент не ми помина низ глава мислата дека може да заврши така како што заврши. Како се ближеше крајот на средбата, сè помалку снимавме.

– Дали по средбата се скара со претседателот Флорентино Перес?

Тоа што се случува во соблекувалната, останува таму. Нема никаков проблем меѓу нас. Заеднички интерес ни е Реал Мадрид.

– Дали во последните неколку дена направи состанок со играчите во соблекувалната и ги критикуваше соиграчите?

Ние секогаш разговараме и се мотивираме меѓусебно. Тоа секогаш е со конструктивен тон.

Реал Мадрид не само што испадна од Лигата на шампионите, туку во изминативе 10-тина дена беше елиминиран и од Купот на Шпанија, а е речиси без шанси за трофејот во Примера дивисион.

 

- Оглас -

Најнови вести