Рамос си призна, УЕФА покрена истрага за намерен жолт картон

Серхио Рамос сам си призна по мечот со Ајакс дека намерно направил прекршок во финишот, па сега УЕФА најави истрага и можно е играчот на Реал Мадрид да биде дополнително казнет.

„Би лажел кога би рекол дека не исфорсирав намерно да добијам жолт картон. На една минута до крајот водевме со 2-1, а реваншот е во Мадрид. Свесно одев да добијам жолт картон за да можам да играм во четвртфиналето“, изјави Рамос.

Сличен случај веќе имаше со играчот на Порто, Хесус Корона, кој не призна сам, но сепак беше фатен на дело дека намерно направил прекршок за жолт картон, па беше казнет со дополнителен меч неиграње.

Можно е и Рамос да добие слична казна, а секако ќе го пропушти реваншот во Мадрид, против Ајакс на петти март.

- Оглас -

Најнови вести