Рамош за 17 минути направи нешто што на Роналдо не му успеа за 514, Пепе испиша историја! (Видео)

Португалија има комотно водство од 2-0 против Швајцарија по првото полувреме во последното осминафинале на Светското првенство во Катар, и се наоѓа на 45 минути од закажување на четвртфинален дуел со Мароко.

Кристијано Роналдо е на клупата за резерви, а стартерот кој игра на негова позиција, Гонсало Рамош, даде гол и стана најмлад португалски стрелец во мундијалски нокаут меч. Рамош погоди во 17-та минута, а славниот Роналдо има играно 514 минути во елиминациски мечеви на светските првенства и уште нема гол во ова фаза.

Вториот гол за Португалија го израдува и Роналдо, стрелец беше неговиот пријател Пепе. Пепе кој има 39 години и 283 дена, даде гол со глава, и стана најстар стрелец во нокаут фаза на Мундијалите.

Ова е убавиот гол на Рамош за 1-0:

- Оглас -

Најнови вести