Актуелниот тренер на Ајакс, Ерик тен Хаг, е фаворит на Ралф Рангник за иден тренер на Манчестер јунајтед.
Според францускиот „Ле Паризиен“, Црвените ѓаволи го пикирале 51-годишниот Холанѓанец за наследник на Оле Гунар Солскјер. Во моментов вршител на должноста е Ралф Рангник, но по завршувањето на сезонава, германскиот стручњак ќе ја преземе консултантската ролја во клубот.
Раководството на Јунајтед го сака на Маурисио Покетино, кој го води ПСЖ и се зборува дека ќе си оди налето за местото да му го отстапи на Зинедин Зидан, но советникот Рангник го претпочитал Тен Хаг како негов наследник, а не Аргентинецот.