Раниери издржа три и пол месеци на клупата на Фулам

Фулам му врачи отказ на Клаудио Раниери само по три месеци откако италијанскиот стратег го презеде „жешкото“ столче од Славиша Јокановиќ. Раниери не ги оправда очекувањата, иако од него се очекуваше да му помогне на тимот во борбата за опстанок во англиската елита, а отказот го доби само ден подоцна по поразот од Саутхемптон (2-0).

Екипата од „Крејвен котиџ“ оствари само три победи во 17 натпревари под палката на 67-годишниот италијански стратег, а сега на негово место доаѓа Скот Паркер, eксиграчот на Фулам ќе ја врши должноста до крајот на сезоната.

Паркер е третиот стратег кој сезонава ќе го предводи Фулам во Премиер лигата, откако Јокановиќ доби отказ по првите 12 првенствени средби, додека Раниери се задржа само три и пол месеци по неговото враќање на Островот.

По 28 кола во Премиер лигата, Фулам се наоѓа на претпоследната позиција со 17 бода, 10 помалку од сигурната зона.

 

- Оглас -

Најнови вести