Рашфорд ќе потпише договор до 2025 година со Манчестер јунајтед

Маркус Рашфорд во многу брзо време треба да го продолжи договорот со Манчестер јунајтед. Според најавите, напаѓачот се согласил да остане на „Олд Трафорд“ до 2025 година. Со новиот договор, Рашфорд ќе добие и поголема плата. Неделно ќе заработува по 200.000 фунти.

Младиот напаѓач заигра многу подобро сезонава, откако на клупата седна Оле Гунар Солскјер. По доаѓањето на норвешкиот стратег, Рашфорд заедно со Пол Погба се промовираа во вистински лидери на тимот во офанзивниот дел. Освен Рашфорд, челниците на Манчестер се надеваат дека во скоро време ќе успеат да му го продолжат договорот и на голманот Давид де Хеа.

 

- Оглас -

Најнови вести