Рашфорд останува во Манчестер и добива вистинско богатство

Манчестер јунајтед се пофали дека го продолжил договорот со Маркус Рашфорд. Англискиот репрезентативец се согласил да остане на „Олд Трафорд“ до 2023 година, со можност за продолжување на уште една сезона.

Со новиот договор, Рашфорд станува еден од најплатените играчи на „црвените ѓаволи“. Младиот 21-годишен голгетер ќе добива 300.000 фунти неделно, што го става во ранг со Пол Погба, но сепак е зад Алекси Санчес, кој е играч со најголема плата во клубот.

Рашфорд беше на цел на Барселона и уште на неколку други клубови, но најтрофејниот англиски клуб реши да го задржи еден од оние играчи кои треба да бидат носители на играта во следниот период.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести