Рашфорд: Со Манчестер ќе ги освојам Лигата на шампионите и Премиер лигата

Маркус Рашфорд неодамна го продолжи договорот со Манчестер јунајтед на уште пет години. Англискио репрезентативец стана вториот најплатен играч кај „црвените ѓаволи“ со неделна плата од 300.000 фунти. Рашфорд верува дека на „Олд Трафорд“ повторно ќе дојдат среќни денови во кои се славеле важни титули.

„Најмногу сакам да го видам тимот како повторно ја освојува Премиер лигата. Секако дека сакам да бидеме и европски прваци. Сите играчи кои сме тука, заслужуваме повеќе од тоа што во овој момент се резултатите. Мораме да ги заборавиме последниве 5-6 години и да гледаме напред, едноставно да го вратиме клубот каде што му е местото. За да го направиме тоа, ќе мора секој ден да даваме 100 отсто од нашите можности. Манчестер јунајтед заслужува повторно да биде на врвот“, вели Рашфорд.

Манчестер новото првенство во Премиер лигата ќе го започне на 11 август, и тоа против големиот ривал Челзи.

 

- Оглас -

Најнови вести