Рашица ги одби англиските клубови, ќе игра за Лајпциг

Милот Рашица не сака да игра за Саутемптон, Вест Хем, или Астон Вила, а немаше конкретна понуда од Ливерпул, иако се најавуваше и таква опција, па германските медиуми објавија дека ќе го засили Лајпциг.

Напаѓачот на Вердер и репрезентативец на Косово, сака да продолжи да игра во Бундеслигата и од Вердер ќе се пресели кај популарните Бикови.

Иако Вердер игра многу лошо сезонава и е на претпоследното место во германското првенство, 23-годишниот офанзивец на тимот од Бремен има одлична сезона.

Рашица е прв стрелец на клубот со 7 гола, а покажа и дека е тимски играч со 4 асистенции. Ако нема изненадувачки пресврт, тогаш 23-годишниот напаѓач ќе го дочека бараж мечот меѓу Македонија и Косово како играч на Ред Бул Лајпциг, екипа која е третопласирана во Бундеслигата и има шанси и за титулата, ако првенството продолжи и заврши.

- Оглас -

Најнови вести