Распад-систем по поразот од Македонија, се простува и легендарниот капитен на Аѕурите

Италијанските медиуми најавија дека неколку репрезентативци ќе се простат од националниот дрес, речиси сигурно збогум ќе кажат Имобиле, Инсиње и Жоржињо, а најнова вест од Чизмата е дека ќе се пензионира и Џорџо Кјелини.

Легендарниот капитен на Италија, според планот што е објавен во медиумите, утре против Турција ќе го игра претпоследниот меч за Аѕурите, а крај на репрезентативната кариера ќе му биде пријателскиот меч со Аргентина во јуни.

Кјелини има одиграно 115 натпревари за Италија, влезе во игра во 90-тата минута против Македонија во Палермо и беше сведок на сензацијата што ја испорача Александар Трајковски само 120 секунди подоцна за победа на нашата селекција од 1:0 за пласман во завршниот бараж протув Португалија за пат во Катар.

За Кјелини се најавува дека наскоро ќе се раздели и со Јувентус и ќе игра една година во МЛС-лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести