Распеана Македонија на дождот во Скопје – Победа против Израел за трето место

Бобан Николов погоди во вистински момент во финишот на првото полувреме, а Македонија со одлична игра го победи Израел со 1:0 и го освои третото место во групата Г за настап на ЕП 2020 година.

Не успеавме преку квалификации да се пласираме на шампионатот, но ќе имаме и втора шанса бидејќи сме полуфиналисти во Сегментот Д на Лигата на нациите.

За да бидеме трети, за првпат во квалификациски циклус покрај Николов и соиграчите, се погрижија и Полјаците кои ја победија Словенија со 3:2.

Клучниот момент во Скопје се случи во втората минута од судиското продолжение на првиот дел, кога Николов со прецизен удар од десеттина метри го совлада Харуш.

Македонија одигра одлично имаше доста шанси и за поубедлива победа, но и оваа е добра за крај на квалификациски циклус, во кој освоивме 14 бодови на 10 меча и завршивме зад Полска и Австрија, кои ќе играат на ЕП 2020 година.

Зад нас се Словенија со еднаков број бодови, но со полош меѓусебен скор, потоа Израел со 11 бода и Летонија со три бода, што ги освои вечерва со победата против Австрија со 1:0.

- Оглас -

Најнови вести