Растат шансите на Зенит против Лацио, нешто чудно се случува во римскиот тим

Екипата на Лацио замина на пат кон Санкт Петербург, каде што утре му гостува на Зенит без Чиро Имобиле, Лукас Леива и голманот Томас Стракоша. Иако сите тројца се појавија на последниот тренинг пред патувањето, не добија дозвола да отпатуваат, па Лацио ќе биде значително ослабен на гостувањето на кое ќе го брани првото место во групата кое го држи по две кола.

Се очекува стартер во нападот да биде Ведат Муриќи, додека голот ќе го чува ветеранот Пепе Реина. Зенит губеше во првите две кола од Бриж и Борусија Дортмунд, па дуелот со ослабениот Лацио им е шанса да освојат некој бод и да продолжат битка за место кое води во следната фаза.

Италијанските медиуми објавија дека федералниот обвинител на Италијанската фудбалска федерација покренал истрага против Лацио за можно прекршување на здравствените протоколи поврзани со корона-вирусот. Останува неодговорено прашањето дали Имобиле има корона. Ако клубот сака да го сокрие тоа и му дозволил на човекот кој ја освои Златната копачка да тренира, тогаш Лацијалите ќе си имаат сериозен проблем со законот.

- Оглас -

Најнови вести