Растат шансите за противник во баражот да ја добиеме Русија!

УЕФА потврди дека ќе има една рестрикција при ждрепката за европските баражи за Светското првенство 2022, а тоа е дека Русија нема да може да се падне со Украина.

Причините се политички, а ова значи дека од групата на неносители, Украина нема да гостува во Русија и со тоа Украинците добиваат пет потенцијални ривали (Португаија, Италија, Шведска, Шкотска или Велс), а бидејќи Украина ќе игра со некоја од овие селекции, во мала мера растат шансите Македонија да се падне со Русија, особено ако Украина биде извлечена пред нас и кругот на потенцијални протицници ќе ни се намали.

Можеби и не е толку лоша опција Македонија да игра во баражот за СП против Русија, бидејќи и Русите ќе бидат некомплетни, поради два жолти картони нема да играат стартерите Смолов и Головин.

Македонија е најслабо рангирана на ФИФА ранг-листата од сите учесници во баражот и ќе биде посакуван противник од сите носители. Но, Русинот Самедов предупредува дека и нашата селекција е опасен тим против кој нема да биде лесно да се победи во март.

Ждрепката е на 26 ноември во Цирих, кога ќе знаеме каков пат ќе треба да се изоди до Мундијалот во Катар.

- Оглас -

Најнови вести