Екипата на Тун која е сензационален првак на Швајцарија, претрпе катастрофален пораз против Јанг бојс од 3-8 на последниот домашен меч сезонава.
Два од трите гола за Тун постигна македонскиот репрезентативец Елмин Растодер, кој е трети стрелец во швајцарското првенство.
Растодер беше стартер, а од игра беше повлечен во 70-та минута. Тун има пет порази во последните шест кола, овој тим има повеќе порази од вториот, третиот и четвртиот на табелата, но и покрај тоа на убедлив начин ја освои титулата.

