Разделба полна со емоции: Новак се расплака пред белградската публика (видео)

Новак Ѓоковиќ иако го совлада Александер Зверев со 2-1 во сетови не успеа да се пласира во финалето на Адрија турнирот кој се игра во Белград. Сепак, првиот светски рекет му го отвори патот на сонародникот Филип Крајиновиќ кој моментално го чека подобриот од дуелот Тим – Димитров.

По мечот, Ѓоковиќ едвај ги задржа емоциите додека даваше изјава, а по аплаузот кој го доби од публиката пушти и солза.

„Не плачам затоа што не се пласирав во финалето, мило ми е за Крајиновиќ, важно еден од нашите тенисери да игра за пехарот. Изминативе денови беа доста емотивни, сакам да се заблагодарам на сите кои помогнаа да се одржи овој турнир, воедно сакам да им кажам благодарам на сите кои дојдоа да нè гледаат, се надевам дека уживавте. Сето ова ми ги врати спомените од детинството. Ве сакам сите и ви благодарам уште еднаш“, се обрати Новак кон публиката пред да го напушти теренот.

- Оглас -

Најнови вести