Разделбата на Гриезман со Атлетико не донесе добро никому, исто како со Роналдо во Јуве

Заминувањето на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус, не им донесе резултатски бенефит во Лигата на шампионите ниту на Кралскиот клуб, ниту на Старата дама, а се покажува дека истото се случи и со ланскиот премин на Антоан Гриезман од Атлетико Мадрид во Барселона.

Барса ги расипа односите со Јорганџиите и со подмолен однос, го „украде“ Французинот, за 120 милиони евра. Но, тој трансфер беше оспоруван од Лионел Меси, јавна тајна е дека Аргентинецот беше против тој трансфер. Гриезман не им го донесе на каталонците трофејот во ЛШ, дури и го загуби статусот на стартер.

Разводот на Гризи со Атлетико го оштети тимот на Диего Симеоне, па испаднаа од Лајпциг, а и во шпанската лига не мрднаа погоре од третата позиција, и имаа многу неефикасна сезона, иако со парите од Гриезман го донесоа Жоао Феликс.

Ниту Барса не се офајди многу од Гриезман. Французинот даде 15 гола, негова најнеефикасна сезона во последните седум години, а и играше дури 500 минути помалку од минатата сезона. Факт е дека не се снајде во новата средина, па сте три страни се губитници од оваа иневстиција од 120 милиони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести