Ражнатовиќ: Јокиќ успеа затоа што не играше ни за Ѕвезда, ни за Партизан!

Мишко Ражнатовиќ кој е агент на српската кошаркарска ѕвезда Никола Јокиќ, има голем придонес за успесите на центарот на Денвер нагетс, а сега изјави дека клучно било што кога бил млад, Јокиќ играл за неговиот клуб Мега, а не за Црвена ѕвезда или Партизан.

Јокиќ како дете бил дебел, беше дури 41-ви пик на драфтот во 2015 година, и по заминувањето во НБА имаше вишок килограми, но сега е можеби и најдобриот кошаркар на светот.

„Сум му кажал и нему, ако си отидеше од Мега во Ѕвезда или Партизан, ништо од ова што сега се случува, немаше да се случи. Никола беше млад, физички слаб, и потребно беше трпение. Во Ѕвезда и Партизан не би го чекале да созрее, таму се бараат резултати веднаш и притисокот од навивачите е голем. Тие не може да трпат некое дете кое ќе игра лошо на неколку натпревари. Нивниот концепт е поинаков, бидејќи бркаат резултати. Не може да бркаш резултати, а 16-годишен Мициќ да ти биде прв плејмејкер или Јокиќ со 18 години да ви биде центар. Мега го можеше тоа, трпението даде резултат“ – рече Ражнатовиќ.

- Оглас -

Најнови вести