Разиграна Македонија, погоди и Тричковски за 2:0

Тихомир Костадинов и Иван Тричовски со асистенција и гол ја крунисаа прекрасната акција на Македонија во 57. минута и веќе водиме со 2:0 против Казахстан на последниот тест пред настапот на ЕП.

Нашите репрезентативци апсолутно доминираат во Скопје, а по 12-на минути игра во второто полувреме и ја крунисавме предноста од играч повеќе со гол за 2:0.

Претходно Елиф Елмас изнуди пенал во 35. минута што го реализира Езџан Алиоски, а потоа беше исклучен Мужиков по бруталниот старт над Кире Ристевски.

Ова е последен контролен меч на Македонија пред настапот на Европското првенство.

- Оглас -

Најнови вести