Различно расположение во Ремс – Маршал му „врза“ шамар на Меси, голманот си направи фотографија за спомен (Видео+Фото)

Лионел Меси го одигра првиот меч за Пари Сен Жермен и прв за клуб што не е Барселона, каде што ја мина целата кариера пред трансферот во таборот на парижаните.

Во 67-мата минута Лео го замени Нејмар и ги одигра првите минути за Светците, против Ремс. Веднаш со остар старт и удар со рака во лицето, Маршал Мунеци му покажа дека нема да му биде лесно во Франција, но публиката во Ремс беше многу порасположена и со аплаузи го поздрави големиот ас.

https://twitter.com/Messi_Worldwide/status/1432080043522629637?s=20

По мечот, имаше вистинска гужва што ја создадоа фудбалерите на домашниот тим, кои го бараа дресот со број 30 на Меси, а голманот Предраг Рајковиќ го искористи моментот за да го фотографира својот син со аргентинскиот ас.

Меси не успеа да постигне и погодок на дебито за ПСЖ, Килијан Мбапе беше стрелец на двата гола, па заедно се радуваа на победата од 2:0, четврта по четири кола во Лига 1 во Франција.

 

- Оглас -

Најнови вести