Разликата е огромна меѓу 100-милионските засилувања на Барса и Реал

Кога еден гигант троши 100 или повеќе милиони евра за докажан фудбалер, очекувањата се дека тој треба да блеска и константно да ги оправдува средствата.

Тоа се очекуваше од Антоан Гриезман при преселбата од Атлетико во Барселона, исто како и од Еден Азар кога пред една и пол година го облече белиот дрес на Реал Мадрид. Сепак, една од овие ѕвезди тотално разочара, додека другиот со мала задршка конечно почна да игра на високо ниво.

Гриезман во првиот месец од 2021 година постигна повеќе погодоци отколку Азар во 30 месеци поминати во Мадрид. Францускиот офанзивец на Каталонците запиша пет погодоци во девет настапи, додека Белгиецот брои само четири погодоци во вкупно 35 настапи за Кралевите, со оглед на тоа дека поголемиот дел од времето беше повреден и не играше во континуитет.

Разликата е огромна, а доколку досега имаше дилеми, сега е повеќе од јасно дека трансферот на Азар во Реал е тотално промашување кое го чинеше 13-кратниот европски првак дури 150 милиони евра, ако се сметаат сите дополнителни бонуси.

- Оглас -

Најнови вести