Разликата е во класи: Ливерпул има победи колку што Евертон има бодови

Само небото е граница за четата на Јирген Клоп. Во овие моменти Ливерпул дефинитивно ништо не може да го спречи во трката за шампионската титула во Премиер лигата. По вчерашното декласирање на градскиот ривал со 5-2, Црвените ја остварија 14-тата победа сезонава по 15 натпревари, односно стигнаа до 43 бода.

Дека разликата меѓу ривалите од Мерсисајд е огромна, покажува учинокот на двете екипи во овој период од сезоната. Колку што Ливерпул има победи, толку Евертон освои бодови по 15 кола. Карамелите се во зоната за испаѓање по деветтиот пораз во англискиот шампионат само со 14 бода.

- Оглас -

Најнови вести